Европратеници побараа од Груевски да го сопре Чилиманов

by fokus

Елмар Брок и Андреј Ковачев, европратеници,од редовите на Европската народна партија (ЕПП) испратија писмо до Никола Груевски за делувањето на организацијата „Стоп Операција Сорос“.

„Драг господине Груевски,

Би сакале да се осврнеме на еден инцидент кој можеби сметате дека не е обемен но праќа вознемирувачка порака за европската ориентација на Македонија, дури и во круговите на најцврстите поддржувачи за приближувањето на земјата кон ЕУ.

На 3 февруари 2017 година, организацијата СОС – Стоп операција Сорос одржа прес-конференција на која ги нападна организациите за кои тие тврдат дека ги подриваат националните интереси на Македонија. Се изненадивме дека една од организациите е и Младите европски федералисти (ЏЕФ). Говорникот на прес-конференцијата, господинот Цветин Чилиманов, според наши сознанија уредник на владината агенција за вести ги опиша ЏЕФ како контроверзна организација, а нашите идеи ги опиша како „смртоносни и опасни“.

Сакаме да истакнеме дека ЏЕФ и нејзината секција во Македонија е непартиска, плуталистичка и организација на млади која работи за слободна и соединета Европа, која се темели на принципите на демократија и владеењето на правото, мирот, просперитетот, безбедноста и правдата. ЏЕФ работи на длабока интеграција на Македонија во европското семејство која се надеваме ќе стане и членка. ЏЕФ Европа е дел од Унијата на европски федералисти во која ние сме претседател и потпредседател.

Со оглед на блискоста меѓу раководството на СОС и на владата и неодамнешните изјави на владини политичари за таканаречен процес на „десороизација“, загрижени сме за нашите активности таму како и за тоа дека Владата на Македонија не ги дели иститите вредности. Веруваме дека имате моќ да ги стопирате нападите врз Европските федералисти во вашата земја и бараме од вас да ги преземете неопходните мерки кои ви се на располагање за да го негувате граѓанското општество и да ги поддржите нашите заеднички европски вредности и цели.“

Поврзани новости