Европратеникот Лагос, од Златна зора, екстрадиран од Брисел во Атина

by fokus 17:24
17:24

Од Брисел во Атина попладнево беше екстрадиран европратеникот на Златна зора, Јанис Лагос, осуден на 13 години и осум месеци затворска казна, по европската потерница издадена од грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина.

Лагос, авионски пристигна од Брисел, по што беше одведен во надлежниот суд во Атина, а оттаму во затворот Домокос каде ќе ја издржува казната.

- Advertisements -

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони рече дека „Грција се бореше и го елиминираше токсичниот отров на Златна зора“, но не треба да има смиреност, бидејќи потребена е континуирана битка за да не се повторат таквите појави.

-Грчките власти непосредно и координирано реагираа веднаш за издавање на европската потерница и за екстрадицијата на Јанис Лагос со цел да ја издржи казната. Но, потребна е континуирана битка за грчката демократија никогаш повеќе да не се соочи со такви појави, рече Пелони во писмената изјава.

Атинскиот суд, во октомври мината година, ја донесе пресудата за членовите на Златна зора, осудени за водење криминална организација, а 48-годишниот Лагос доби 13 години и осум месеци затворска казна.

Лагос како член на Европскиот Парламент имаше имунитет, кој на крајот на април му беше одземен, по што и грчките власти издадоа европска потерница, а белгиските власти го уапсија.

Поврзани новости