Европарламентарците го поздравија изборот на специјалната обвинителка Јанева

by Фокус

Групата на Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент, го поздрави именувањето на Катица Јанева за специјална обвинителка.

– Им честитам на партиите во Македонија за постигнувањето на договорот. Назначувањето на обвинителката претставува значаен чекор кон воспоставување транспарентност во земјата. Пратениците ќе останат посветени за да и помогнат на Македонија да го имплементира целосно договорот и да продолжи на својот евроатлантски пат, како демократска, просперитетна и земја на мулти-етничко општество каде правото ќе се почитува – истакна Ховит.

Поврзани новости