Европа е најпогодена од корона вирусот, а во Австралија се регистрирани најмалку случаи

by fokus

Бројот на смртни случаи како последица на корна вирусот се искачи на 203.308,  а бројот на заболени надмина 2,9 милиони граѓани, според сајтот Ворлдометерс.

Податоците се базирани на статистиката на Светската здравствена организација (СЗО). Според нив, досега оздравеле 837.527 лица. Од вкупниот број на заболени,  97 отсто или 1.824.473 се со лесни симптоми, додека 57.883 се во тешка состојба.

Први на листата каде состојбата е најлоша се САД со 960.896 заболени и 54.265 починати лица. Потоа следуваат: Шпанија со 223.759 заболени и 22.902 починати, Италија со 195 351 заболени и 26.384 починати, Франција со 161.488 заболени и 22.614 починати и Германија со 156.513 заболени и 5.877 починати лица.

Од континентите, најзагорзена е Европа со вкупно 1.253.115 заболени од Ковид-19 и 120.137 починати. Потоа следува Азија со 462.048 заболени.

Во Јужна Америка бројките се 131.374 заболени и 6.020 починати. Африка е на дното со вкупно 31.102 заболени и 1.379 починати, иако претставниците на СЗО предупредуваат дека поради лошите услови пандемијата би можела да земе голем замав.

Најмалку случаи има на австралискиот континент со 8.282 заразени и 101 смртен случај.

Поврзани новости