716
Македонија ќе издаде еврообврзница тешка 650 милиони евра. Во службен весник е објавена одлуката на владата од седницата одржана на 21 јуни со која се утврдува максималниот износ на новото задолжување со еврообврзница која ќе се емитува во 2016 година, пренесе Телма.
Парите ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и следната година и за рефинансирање на старите долгови. Еврообврзницата ќе се отплаќа 10 години и ќе биде издадена преку претставништвото на Дојче банк во Лондон