Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вечерва доаѓа во Македонија со цел решавање на политичката криза. Ова ќе биде прва официјална посета на Хан, во којашто ќе се обиде да ја смири политичката тензија во државата, а освен тоа, еврокомесарот носи и ветување од најголемите политички партии во Европарламентот дека ќе се обидат да ја вратат опозициската партија СДСМ во собранието, како што направиле во Албанија.
Еврокомесарот денеска изјави дека главната политичка дебата треба да се одвива во собранието. Како што вели Хан, побарал претставниците на главните партии во Европскиот парламент да направат слични напори како што тоа успешно го направиле во Албанија.
За Јоханес Хан, ситуацијата на Македонија во спорот за името со Грција е неприфатлива, па затоа тој ќе се обиде да се сретне со специјалниот преговарач на Обединетите нации, Метју Нимиц, да види до каде е работата.
Хан одби да коментира за снимките од прислушуваните разговори кои ги објави лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, и потенцира дека не коментира јавно посебни случаи.
Тој посочи дека се’ што придонесува до транспарентност или повеќе транспарентност, креира одреден притисок за подобрување на ситуацијата.