Вакцината нема да ги реши сите проблеми одеднаш, но ќе овозможи постепено враќање на нормалност, рече таа, под услов да се вакцинираат „критична маса на граѓани, особено оние во ризичните групи“.

Научниците не знаат кога вакцината би можела да биде достапна, бидејќи нејзиниот развој може да трае со години или, во теорија, може да се покаже невозможна.

Комесарката исто така предупреди за зголемен број помали и поголеми појави на коронавирус во неколку земји-членки на ЕУ.

Таа ги повика владите „брзо да го изолираат изворот на инфекцијата со тестирање, пронаоѓање контакти и итно изолирање на заразените”.