Мексико со речиси половина милион заразени од корона вирус

by Fokus

Мексиканското Министерство за здравство денеска соопшти дека се потврдени 4.376 новозаболени со Ковид-19, со што бројот на инфицирани се искачи на 480.278 лица.

Во изминатите 24 часа 292 лица починале од последици од новиот корона вирус со што бројот на смртни случаи изнесува 52.298.

Мексико е на шесто место по бројот на заболени и на трето место во светот по смртни случаи.

Поврзани новости