844

Екипата на Тотенхем ја победи тетовска Шкендија со 3:1 против во третото квалификациско коло од Лига Европа.
Клубот од Англија го диктираше натпреварот и ја имаше контролата на играта, но не прикажа којзнае колку допадлива игра на „Тодор Проески“ арената.
- Advertisements -

Гостинот поведе многу рано, уште во четвртата минута со голот на Ерик Ламела кој ја искористи асистенцијата на Сон и го совлада Захов.
Потоа речиси и да не се случуваше ништо на теренот, се до 55-тата минута кога Валмир Нафиу упати проектил кој заврши во мрежата на Џо Харт.
Радоста на тетовци не траеше многу долго затоа што Тотенхем во 70-тата минута преку Сон ја врати предноста на своја страна, за во 79 минута Кејн да го постигне конечниот резултат.