459
Оваа година, за првпат во Крушево ќе се одржи 22-то издание на Меѓународниот музички фестивал „Еврофест“, кој ќе биде во чест на македонската поп икона, Тоше Проески.
На концертот ќе настапат повеќе звучни музички имиња, а предвидено е и полагање на цвеќе на гробот на Тоше Проески и засадување на неколку дрвја во околината на манастирот Св. Преображение, едно од омилените места на Тоше во Крушево.
Фестивалот е закажан за петок, од 17:30 на градскиот плоштад во Крушево.