Еве кои билки го зајакнуваат имунитетот

by fokus

Нашиот народ со векови, традиционално ги користел билките за зајакнување и поддршка на имунитетот и заштита и лекување на многу болести. По повеќе децениски истражувања денес и модерната наука и медицина ги потврдува и одобрува здравствените придобивки на многу билки, а нивната примена е препорачана како во превенцијата, така и комплементарно на стандардните лекови во третманот на настинка, грип и други болести. 

Ајде да видиме какви препораки за употребата на билките во полза на подобрување на имунитетот ни доаѓаат од страна на стручниот, нутриционистички и фармацевтски тим на naturatherapy.mk?

Зошто е важен силен имунолошки систем?

Имунолошкиот систем е одговорен за заштита и одбрана на организмот од бактериите, вирусите и другите патогени микроорганизми, па кога тој не работи добро, тоа значи чести и постојани настинки и инфекции кои може да се претворат во воспаленија и болести и сериозно да му наштетат на нешето здравје. Токму затоа е важно имунолошкиот систем да биде во добра форма, секогаш подготвен лесно и ефикасно да се справи со микробите кои го напаѓаат нашиот организам, посебно респираторниот тракт без да предизвика инфекција, или да спречи поголем развој на инфекција и болест.

Фактори кои влијаат на функцијата на имунолошкиот систем

Нутриционистот Сашко Дрвошански укажува дека одржувањето на добар имунитет зависи од повеќе фактори и бара примена на соодветен стил и начин на живеење. Конкретно тој посочува дека за добар имунитет треба да внимаваме на:

  • Квалитетот на исхраната – потребно е од исхраната да се елиминираат процесирани производи, транс масти, рафинирани шеќери и брза храна а да се внесува храната во интегрален облик како што доаѓа од природата, не преработена со посебен акцент на внесот на микронутриенти, витамини и минерали пред се преку внесот на зеленчук, овошје, јатки, семиња, мешунки и други, како и внес на природно ферментирана храна за обезбедување на пробиотици кои се многу важни за добар имун одговор.
  • Редовната физичка активност – која ја подобрува циркулацијата и ја забрзува имунолошката реакција за побрзо уништување на микробите.
  • Справување со стресот и добар сон – бидејки лошиот сон негативно се одразува на имунитетот, а исто така и континуираниот стрес значително ја намалува имунолошката функција на телото.таа да ги содржи, како што се: одржувањето на квалитетна исхра.
  • Одржувањето на личната хигиена и културата на однесување – носењето на маски, по потреба, изолирање од болни лица и други постапки можат да помогнат во превенцијата и заштитата од инфекции.

Постојат и други фактори како генетиката, доењето и развојот на имунитетот во детството, типот на работа и слично.

Топ 10 билки за зајакнување на имунитетот

Стручниот нутриционистички и фармацевски тим од компанијата Натура Терапи, на чело со нутриционистот Сашко Дрвошански направи избор и препорака на 10 најпознати билки кои се добро познати и одамна употребувани од страна на граѓаните за подобрување на имунитетот, а нивните позитивни својства денес се потврдени и со бројни научни истражувања и студии.

Лук 

Лукот содржи елементи со антибиотско и антимикробно дејство кое помага во заштитата од бактрии, вируси, габи и паразити. 

Шипинка 

Шипинката или шипката е богата со витамин Ц, минерали и ликопен и други полифеноли па внесена како чај или екстракт може да помогне и да го зајакне имунитетот.

Ехинацеа 

Ова билка со карактеристичен свет се применува во бројни додатоци на исхраната и спрејови за грло бидејки ја подобрува заштитата од инфекции на дишните патишта, има и антибактериско и антивирално дејство со што придонесува за поголема отпорност на организмот.

Куркума

Куркумата како зачин содржи многу биоактивни состојки кои делуваат и антиоксидативно, ја подобруваат и циркулацијата и функцијата на црниот дроб, но пред се имаат антиинфламаторно дејство, со што помагаат да се намалат болката, отокот и да се спречат воспаленија на белите дробови или органите за дишење во целина, што помага да се одржи квалитетот на дишењето и добриот доток на кислород во белите дробови.

Црн бозел 

Од оваа билка се користат и цветот  и плодот, но токму плодот оние темно виолетови до црни бобинки содржат уникатни полифеноли, антоцијанини кои имаат докажано антивирални дејства, помагајки да се спречи влегувањето на вирусите во клетките и нивното размножување, со што се спречува развојот или компликациите на инфекции.

Ѓумбир  

Ѓумбирот е билка со широк спектар на својства како антиинфламаторно, антивирусно, антибактериско, антифунгално и други својства, а исто така го загрева телото и помаг аво полесно справување со инфекциите на грлото и дишните канали.

Црно семе

Црното семе содржи тимогвинон и други уникатни состојки кои имаат антимикробни својства, како и вазодилататорно дејство со кое се помага во релаксирање и отварање на дишните канали за подобро снабдување на белите дробовии телото со кислород.

Жалфија 

Иако за многумина има интензивен горчлив вкус, сепак таа изобилува со антимикробни компоненти кои може да помогнат во поефикасно ослободување од бактериите на грлото и ждрелото и затоа како чај за пиење или течност за гаргара оваа билка треба да биде застапена во активностите за превенција и третман на инфекциите.

Лимон

Лимонот и останатите цитрусни плодови се многу богати со витамин Ц и други минерали, витамини и антиоксиданси кои се неопходни за добар имунитет и ефикасна одбрана на телото

Мајчина душичка

Оваа ароматична билка има силни антимикробни компоненти кои внесени како чај или екстракт помагаат во справувањето со инфекциите на грлото, ждрелото, носот и синусите.
Спирулина – во анемични состојби

Секако дека постојат и други билки како рузмаринот, камилицата, маточината, црниот бибер и други, кои исто така може да помогнат за подигнување на имунитетот. Нашата препорака е за да бидете сигурни дека нема да претерате со пиењето чај и дека ќе внесете оптимални, сигурни и безбедни дози од активните компоненти кои ги содржат овие билки е да се внесуваат како стандардизирани екстракти , преку внес на додатоци на исхраната.

ПР текст

Поврзани новости