ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар по литар

by fokus

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 и понатаму ќе се продава за 62,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.

Поврзани новости