640
Фудбалските репрезентации на Англија и Шкотска одиграа нерешено без голови на натпреварот на второто коло од Д групата на Европското првенство.
Англичаните на Вембли не ја оправдаа улогата на фаворите, но со еден бод си обезбедија пласман во наредната фаза.
По две одиграни кола Англија сега се наоѓа на втората позиција на табелата со четири освоени бода исто колку што има и Чешка, додека Шкотска и Хрватска имаат по еден освоен бод.
Последните натпревари од групната фаза директно ќе одлучуваат за местото од кое Англија и Чешка ќе се пласираат во следната фаза, односно кој ќе ја заврши групата како третопласиран.