412
Од Европската комисија за Дојче веле потврдија дека средбата на македонските партиски лидери што требаше да се одржи утре во Виена е откажана и изразија жалење што нема да се одржи.
-Постојано велевме дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко ќе жалиме доколку се случат некои ретроградни чекори во Скопје кои натамошно ќе ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за влез во Европската Унија, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.