Фатиме Фетаи: Залудно ни се закануваат, правдата ќе ги стигне

by Фокус

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на денешната прес конференција на која беше претставен случајот „ТНТ“ за уривање на зградата „Космос“ испрати порака до сите оние кои на различен начин се обидуваат да ја попречат работата на СЈО.

-Поракта е до сите што ја подриваат работата на Специјалното обвинителство и се закануваат кон пропадниците на СЈО, семејствата и нивните родители. Им порачуваме, правдата ќе го стигне секој кој се огрешил од зкаонот. Ве уверувам дека за ова обвинителство сите граѓани се еднакви, несебично ќе се бориме за правда, зашто цврство веруваме дека правдата е врвен интерес на Македонија, рече Фатиме Фетаи.

Поврзани новости