ЕУ со 5 милиони евра ќе ја враќа слободата на медиумите во Македонија

by Фокус

Со проект вреден пет милиони евра Европската унија ќе се обиде да ја врати слободата на медиумите во Македонија. Ова следува откако Брисел увидел дека ништо не е подобрено на ова поле и покрај забелешките кои беа дадени во Извештајот во октомври минатата година.

Проектот го најави раководителот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауцке, кој рече дека станува збор твининг проект со Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги за слобода на изразување и поддршка на медиумските реформи. Тој посочи и дека полиичката независност на Јавниот сервис не е на задоволително ниво.

Како дел од проектот, ЕУ ќе финансира набавување на опрема за набљудување на медиумската соджина. Тој треба да започне за неколку месеци, а за него треба да конкурираат невладините организации.

Поврзани новости