ЕУ се надева дека откако ќе ги добијат дозите за втората рунда на вакцинација, ќе се забрза процесот и за третите земји

by fokus 16:10
16:10

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на денешната средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, разговарале за вакцините и за регионалните предизвици, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од кабинетот на шефот на европската дипломатија, попладнево информираа дека средбата била „искрена и отворена“ и станало збор за „неспорната перспектива“ за членство во ЕУ на Северна Македонија, како и за начинот да се деблокира почетокот на преговорите.

- Advertisements -

Борел, Димитров и Османи разговарале и за регионалните прашања, вклучително и за пристапот до вакцини за Северна Македонија, како и за земјите од Западниот Балкан.

ЕУ нагласува дека на располагање ставила 70 милиони евра за регионот, од кои осум милиони се за Северна Македонија, за да се покрие набавката на дози и на потребна опрема за вакцинација, но за сега вакцини за земјите надвор од ЕУ сѐ уште нема, и покрај ветувањата на Унијата и на механизмот Ковакс.

Нарачките од фармацевтските компании доцнат и за земјите членки, но во ЕУ се надеваат дека откако ќе се добијат потребните дози за втората рунда вакцинација ќе може да се забрза процесот и за третите земји, вон ЕУ.

Поврзани новости