Европската комисија остварила разговори со компанијата „Модерна“ од Тексас за евентуална набавка на идните вакцини против Ковид-19, објавено е денеска во Брисел.
Американска „Модерна“ е петта компанија со која Европската комисија, во име на земјите членки на ЕУ, имаше разговори за набавка на потенцијална вакцина против новиот коронавирус за европскиот пазар.
За ЕУ за сега е најавена набавка на 80 милиони вакцини, плус дополнителни 80 милиони дози веднаш штом се потврди дека вакцината е безбедна и ефикасна.
– Инвестираме во компании кои користат различни технологии за да ја зголемиме шансата за добивање безбедна и ефикасна вакцина. Ќе продолжиме да разговараме со различни компании затоа што сакаме да бидеме сигурни дека вакцината ќе биде брзо достапна на пазарот. Од европските инвестиции во вакцина против коронавирусот корист ќе има целиот светот, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Европската комисија до сега контактирала и со француската „Санофи“, американската „Џонсон и Џонсон“, „Кјурвак“ од Германија и британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ со седиште во Кембриџ.