ЕУ праќа нова енергетска опрема вредна 450 милиони евра за Украина

by Fokus

Цивилниот механизам за заштита на ЕУ, испраќа итна помош и енергетска опрема за разурнатата енергетска инфраструктура на Украина. Опремата се состои од енергетска помош како и прва помош, заштитна облека, опрема за противпожарна, камиони и автобуси за вода, а учествуваат сите земји на Европската Унија.

Се испраќа и хуманитарна помош за ранливи категории на граѓани во Херсон како хигиенски пакети, вода, храна и други клучни предмети за домаќинставата.

Медицинска евакуација на ранети Украинци во европски болници е исто така координирана од страна на ЕУ.

Меѓудругото, од почетокот на војната до сега, настрана од последната донирана опрема вредна 450 милиони евра, Украина има добиено 523 милиони евра хуманитарна помош од европското семејство.

Поврзани новости