Европската унија останува на ставот на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, се вели во одговорот упатен денеска до Алсат-М на прашањето како Брисел го коментира писмото на претседателот на државата во кое тој побара Брисел да ја осуди и отфрли албанската платформа.
Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека пораките испратени пред една недела од Могерини биле јасни и оти претседателот Иванов е оној кој треба да ја преиспита својата одлука.
-Запознаени сме со писмото на претседателот Иванов. Ги повикуваме сите политички актери, вклучувајќи го и претседателот, да го почитуваат изборниот резултат, да постапува согласно Уставот, да го почитува јасното парламентарно мнозинство, да дозволи демократскиот процес да тече. Го повикуваме претседателот да го преиспита својот актуелен став и да овозможи формирање на новата влада, изјави Коцијанчич.
Кочијанчич не ја коментираше ниту платформата, освен дека секоја владината програма треба да биде во согласност со Уставот.