Од Нова година Европската унија ќе воведе електронски визи за земјите со кои има договор за безвизен режим со цел зајакнување на сигурноста на границите на ЕУ и контрола од влез на жители од трети земји, пишува германскиот магазин „Велт“.
За овие визи ќе се аплицира електронски, за нив ќе треба да платите 5 евра и ќе важат пет години.
-Системот ќе овозможи да се определи дали присуството на едно лице на територијата на ЕУ е опасност од гледна точна на нелегална имиграција, безбедност или зачувување на јавно здравје, пишува во документот кој е изготвен од европскиот комесар за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос.
Според планот на Аврамопулос, регистрирањето би траело најмногу десетина минути, а во апликацијата ќе се наведуваат податоци од пасошот.