Општина Центар: Министерство за финансии ни должи 25 милиони денари

by fokus

Министерството за финансии го одолговлекува повратот на средства во висина од 25 милиони денари за општина Центар, реагира денеска локалната власт. Иако, општината формално на повеќе наврати ги бара средствата кои и’ следуваат законски, министерството не одговара и не постапува според одлуката на судот.

-Имено, во судскиот спор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Центар од 2013 година, судот првично пресудил во корист на министерството, по што на општината и’ биле повлечени 25 милиони денари од сметката. По жалбата на општината и направената ревизија, Врховниот Суд го враќа предметет во Основниот Суд, кој при новото разгледување досудува во корист на општина Центар. Министерството за транспорт ја прифаќа одлуката на судот и со големо оддолжување, сепак, доставува налог до Министерството за финансии да се вратат средствата кои и биле одземени на општина Центар, објаснуваат од Општината.

Оттогаш е поминат подолг период, но министерството за финансии не ја извршува транскацијата. Општина Центар го повикува министерот Миновски итно да ја реализира транскацијата и да престане со ваквите политички игри.

Поврзани новости