ЕУ ќе ги мониторира експонираните судски процеси

by fokus

Европската унија преку ОБСЕ ќе ги мониторира судските процеси поврзани со висока корупција,  објави 360 степени.

Евроамбасадорто Самуел Жбогар во изјава за 360 степени објаснува дека Европската комисија ќе финансира проект кој треба да почне годинава и ќе трае околу три години и ќе се спроведува регионално.

-Проектот за целиот регион ќе чини 6 милиони евра. ОБСЕ ќе го имплементира, разговараме со ОБСЕ зашто тие имаат искуство во набљудувањето судски случаи, што значи дека ОБСЕ ќе биде партнерот што ќе го врши мониторингот, вели Жбогар.

Сепак се уште не е прецизирано кога ќе почне проектот и колку предмети ќе бидат опфатени.

„Тоа се детали кои во моментот се договараат меѓу ЕК и ОБСЕ исто како и целиот процес и индикаторите кои ќе бидат важни во мониторингот на предметите и затоа не можам да ја споделам бројката на предмети што ќе бидат опфатени, но мислам дека ќе биде значителна. Проектот ќе почне годинава, но се уште не го знаеме датумот, вели Жбогар.

Брисел смета дека ветинг меѓу судиите не е неопходен.

– Не гледаме универзално лошо однесување во судството, туку гледаме дека мнозинство од судиите и обвинителите можеби се под политичко влијание и веруваме дека тие би можеле да бидат предмет на професионални и етички правила, или на можна кривична одговорност, но дека со нив би се справило самото судство. Веруваме дека институциите во судството, како Судскиот совет, треба да бидат поддржани и засилени и дека тие имаат важна улога во воспоставувањето подборо однесување во судството. Прво, мислам дека треба да почнеме од политичарите кои треба да прекинат во мешањето и коментирањето за судството, додава евроамбасадорот.

Мониторнингот се најавуваше со години, а годинава ќе почне во услови кога судските процеси за висока корупција се заглавени во судниците со години.

Поврзани новости