ЕУ ја осуди пресудата за рускиот опозиционер Навални

by Fokus

Европска Унија силно ја осуди новата пресуда против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални од девет години затвор, оценувајќи ја како политички мотивирана.

Рускиот правосуден систем и понатаму е инструментализиран против Навални… Го повторуваме нашиот повик до руските власти веднаш и безусловно да го ослободат, изјави вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Навални (45) денеска е осуден на девет години затвор „за измама од особено големи размери. Тој беше прогласен за виновен за проневера на средства за неговата антикорупциска фондација, што сега е забранета во Русија и за навреда на судија во претходното судење.

Навални веќе отслужува казна од најмалку две години и осум месеци во затворот Покров, на околу 100 километри источно од Москва.

Поврзани новости