430
Европската Унија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и итна хуманитарна помош ќе обезбеди дополнителна итна поддршка за Турција и Сирија по повеќекратните земјотреси, во вредност од 6,5 милиони евра.
Според најавите, комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич утре ќе ги посети погодените области во Турција како дел од координацијата на одговорот на ЕУ.
„Ова е една од најголемите операции за пребарување и спасување досега преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ“, соопшти Комисијата.
Сириските власти утринава побараа од ЕУ активирање на Механизмот за цивилна заштита, а барањето вклучува тимови за пребарување и спасување, засолништа и лекови.