477
Претставници на Европската унија вчера и се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции затоа што дозволува ширење на штетна содржина.
Европската комисија го предупреди извршниот директор на ТикТок, Шо Зи Че, дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции.
-Неприфатливо е зад навидум забавните и безопасни можности, корисниците за само неколку секунди да можат да пристапат до штетна, а понекогаш дури и опасна по живот содржина, изјави еврокомесарот Тиери Бретон по разговорот со Че.
Тој додаде дека е загрижен и поради тврдењата дека се шпионираат новинари и дека личните податоци се испраќаат надвор од Европа.