Од 1 јануари годинава, Украина и Молдавија и официјално се приклучија на единствеената зона за роаминг на Европската Унија. Тоа значи деека граѓаните на овие две земји можат да користат мобилни телефонски услуги низ цела ЕУ без дополнителни трошоци.
Оваа одлука им овозможува на Украинците и Молдавците да остваруваат повици, да испраќаат пораки и да користат мобилни податоци во 27-те земји членки по домашни цени.
Веста за новината ја сподели еврокомесарката за проширување Марта Кос на нејзиниот профил на социјалната мрежа Икс, посакувајќи им добредојде на Молдавија и Украина во роаминг зоната на ЕУ без дополнителни трошоци.
„Сега можете да „шетате како дома“, бидејќи ние ви подготвуваме дом во Европската Унија. Предностите на нашата Унија ги зближуваат Европејците низ целиот континент – дури и пред пристапувањето во ЕУ“, напиша таа.
Зоната за роаминг во ЕУ, позната по правилото „шетајте како дома“, им овозможува на граѓаните да користат мобилни телефони во земјите-членки на ЕУ под исти услови како и во нивната земја – без дополнителни трошоци за повици, СМС и мобилен интернет.