„Македонија пат“: Сите забрани се укинати, сообраќајот се одвива непречено

by vlatko 16:26
16:26

Патните правци во државата се проодни во целост и сите забрани се укинати, информира ЈП „Македонија пат“.

Дежурните екипи на „Македонија пат“, посочуваат од таму, остануваат на терен и продолжуваат да ја следат состојбата со посебен акцент на повисоките планински места.

Воедно, апелираат до сите возачи да возат внимателно и да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината согласно условите.

Слични вести