451
Позитивно го поздравуваме изборот на Талат Џафер како претседател на Парламентот како што беше соопштено, е пораката од високата преставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
-Европската унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот начин да се оди напред и бараме од сите политички актери да го почитуваат Уставот во земјата и да се однесуваат во духот на демократските принципи, со здрав разум и пристојност, се вели во пораката.
ЕУ ги осуди нападите врз пратениците од страна на демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“.