ЕУ го одби барањето на Русија за плаќање во рубљи, Германија во паника

by Fokus

Европската унија одби да плаќа гас во рубљи како што бара Русија, соопштено е денеска од Европската комисија.

Вчера беше објавена слична одлука и од страна на земјите Г7.

Групата од седумте најсилни економии во Европа, колективно одби да го плаќа  убвозот на гас од Русија во рубљи, потврди германскиот министер за енергетика, Роберт Хабек.

-Плаќањето во рубљи е неприфатливо – рече Хабек, додавајќи дека од компаниите ќе се бара да „не подлегнуваат“ на барањето од рускиот претседател Владимир Путин изнесено минатата недела.

Европскиот економски блок, промената на условите за плаќање ја семта како прекршување на договорот.

Путин вчера и нареди на Владата, на Централната банка и на Гаспром банка да развијат неопходни методи за префрлање на сите плаќања за руски гас од страна на „непријателските змеји“ на рубљи, а рокот за тоа е 31 март.

-Овој потег е прв од трите нивоа на предупредување и вклучува создавање на кризен тим кој ќе се справи со тензичната ситуација во снабдувањето со гас. Германското складиште за гас во моментов е исполнето со околу 25 отсто од капацитетот, рече Хабек.

-Во моментов нема недостиг во понудата. Сепак, мора да ги зголемиме мерките на претпазливост за да бидеме подготвени во случај на ескалација од страна на Русија, објасни Хабек.

Министерот за економија ги повика компаниите и поединците да се обидат што повеќе да ја намалат потрошувачката на енергија, бидејќи Германија се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин објави дека неговата земја ќе испорачува гас на Германија и другите „непријателски држави“ само доколку тие плаќаат во рубли, со цел да ја поддржи валутата која ослабе поради западните санкции.

Поврзани новости