ЕУ го игнорира писмото од Иванов

by fokus

Писмото од Ѓорге Иванов испратено до меѓународната заедница, во кое бара да се осуди и отфрли албанската платформа, не го менува ставот на Европската Унија, која останува на тоа дека претседателот мора да ја повлече одлуката и да го додели мандатот на партиите кои имаат мнозинство во парламентот.

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчиќ, во изјава за Алсат-М вели дека пораките испратени пред една недела од Советот на ЕУ, биле јасни и оти претседателот Иванов е оној кој треба да ја преиспита својата одлука.

-Запознаени сме со писмото на претседателот Иванов. Ги повикуваме сите политички актери, вклучувајќи го и претседателот, да го почитуваат изборниот резултат, да постапува согласно Уставот, да го почитува јасното парламентарно мнозинство, да дозволи демократскиот процес да тече. Го повикуваме претседателот да го преиспита својот актуелен став и да овозможи формирање на новата влада- порача Коцијанчиќ.

Поврзани новости