ДС: Влада ќе има, со или без мандат од Иванов

by fokus

Демократскиот сојуз порача дека повеќе од јасно е дека ќе има Влада со мандат од Ѓорге Иванов или без мандат со гласање во Парламентот. Од партијата бараат што поскоро да се формира Влада и да се нормализира животот во земјата, да започне економски развој и продолжат евроинтеграциските процеси.

-Дојде време да се избере нова Влада, која ќе ја стабилизира состојбата и ќе започне коренити реформи, за да се искорени политизацијата и партизацијата на државните институции, посебно на МВР, Јавното обвинителство и судовите. Претседателот Ѓорге  Иванов има уставна должност да го даде мандатот за состав на новата Влада на партиите кои имаат мнозинство. Простор за “маневри” нема заради можноста многу брзо да се соочи со тешки обвинувања  и да понесе голема  одговорност. Институциите не се приватна фирма туку тие функционираат според закон, ред и Устав- велат од партијата на Павле Трајанов.

Демократскиот сојуз смета дека времето за политичко надмудрување, заканите за дестабилизација на државата, како и идеите за нови избори  се веќе поразени.

Поврзани новости