Албанската Влада на последната седница, го усвои Предлог-законот „За државјанство“, кој содржи неколку суштински измени, како што е членот 6 каде се предвидува „Стекнувањето на државјанство врз основа на потекло“.
Со ова им се овозможува на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да добијат албанско државјанство.
– Странец ќе може да добие албанското државјанство ако неговите предци имале албанско потекло и под услов да докаже семејната врска во директна линија до трето колено на барателот со предците. Потребната документација со која се докажува албанското потекло на барателот се утврдува со упатство на министерот, се наведува во член 6 од Предлог-законот.
Другата важна новина е содржана во член 4, а тоа е давањето албанско државјанство на секој кој ќе се роди на територијата на Република Албанија.
Тоа значи дека Албанја ќе го применува нечелото „Jus soli“ што му дава државјанство на секоје лице родено на нејзина територија и покрај тоа што ни еден од неговите родители нема албанско државјанство. Ова начело се почитува во САД, додека во одредени европски земји има некои дополнителни критериуми што мора да бидат исполнети.
Предлог-законот за државјанство се очекува да се најде на дневен ред на седница на Парламентот во септември по летните одмори.