Милошоски: Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво

by fokus

Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво – напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил, објавувајќи го Меморандумот за соработка потпишан меѓу Стефан Богоев, како градоначалник на општина Карпош и Бојан Јовановски како претставник на Меѓународниот сојуз Скопје.

Градоначалникот на Општина Карпош веќе даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во врска со предметот „Рекет“ во кој за сега се осомничени две лица. Богоев потврди дека склучил меморандум за соработка со првоосомничениот Боки 13, но негираше дека е вмешан во било какви кривични дела.

Поврзани новости