Ден после очајниот говор на претседателот на ДПМНЕ пред ДИК каде на моменти дирекно, а потоа и индирекно им се закани на странските амбасадори во Македонија, на интернет излегоа слики од некролози за сите „осомничени“ амбасадори од неговиот скандалозен говор.
И во текот на денот на нивното објавување, никој од симпатизерите на партијата не го осуди појавувањето на некролозите, нуту пак се огради од нив, туку за жал, голем дел од нив го споделуваа, ретвираа и го коментираа нивно „морбирно, креативно“ дело. И како што е ред на машинеријата, за брзо време социјалните мрежи беа преправени од срамните, недолични слики.
Е сега, она што потоа се случи во текот на денот, каде во Турција беше убиен рускиот амбасадор, ја крена паниката. Убиството на рускиот амбасадор се случи во најлошо време за креаторите, објавувачите и споделувачите на некролозите за амбасадорите во Македонија. Тогаш ситуацијата стана проблематична и дополнително загрижувачка. Паниката се зголеми, а рекациите во јавноста не стивнуваа. За брзо време заѕвоне и телефонот, и таму некаде на крај од денот, каде чашите од славата св. Никола беа високо кренати за успешната акција со неклозоите, на некој совесен или исплашен од епилогот во јавноста препратена од светските збиднувања, во 20 минути до 22 часот, во име на ВМРО ДПМНЕ објави соопштение – Каде го осудува објавувањето на некролозите за амбасадорите. Во тој момент некој собра сила и покажа доблест, благо речено. Покажа доблест за направената грешка од сопственото членство.
Јас нема да го поздравам тој потег, но ќе го поздравам случајот каде може да се забележи дека е прв во овие 10 години каде ВМРО ДПМНЕ се осуди самата себе!
Пази молим те, да се повика на воздржаност и да се осуди објавувањето на некролозите што преставуваат закана кон амбасадорите, ден после повикот на „прогонување“ на истите тие од првиот и единствен главен во партијата, не е ништо повеќе од патетичност, уплашност и неодговорност на една толку голема партија како ДПМНЕ која до неодамна добро и умешно си ги контролише своите симпатизери. Сега за жал, прво ги намами и поттикна да учествуваат, а потоа ги осуди за недоличност во морбидната игра.