Ништо од јавните седници, Управиот суд одлучува зад затворени врати

by fokus

Иако беше најавено дека Управниот суд на јавни седници ќе одлучува за тужбите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за одлуките на ДИК, сепак седниците се затворени за јавноста.

Пред новинарите се чита само рефератот што го подготвува еден од судиите, додека расправата и процесот на одлучување се случуваат зад затворени врати.

Управниот суд вчера одлучуваше за две тужби на СДСМ, а денеска одлучува за преостатаните две од СДСМ и едната од ВМРО-ДПМНЕ. Одлуките за сите тужби треба да бидат објавени денеска до 19 часот.

Поврзани новости