405
Откако обвинителката Лиле Стефанова се закани дека ќе бара притвор и за други обвинети доколку добие сомнеж дека се спремаат за бегство, а адвокатот Боро Тасевски побара повеќе да не бидат изречени репресивни мерки за другите обвинети.
-За мене е крајно неприфатливо и понатаму да се превземаат репресивни мерки за обвинетите, истакна Тасевски.
Тој дури и се повика на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, односно истакна дека обвинетите во случајот “Титаник” веќе биле помилувани.
Утринава поради сомнеж дека се спремаат за бегство, притвор добија Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.