Атанасов: Колегата Муковски беше најубедлив во заканите, како да знаеше што ќе се случи

by fokus 12:36
12:36

Се уште во глава ги слушам дел од заканите кои беа изречени од колегите пратеници, кажани од собраниската говорница неколку недели пред да се случи насилството на 27 април 2017 година. Ова е дел од денешното сведочење на поранешниот пратеник Петар Атанасов во Кривичниот суд за “Крвавиот четврток”.

-Најубедлив во заканите беше колегата Крсто Муковски, кој постојано од говорница ни велеше: Народот ќе ја земе работата во свои раце, народот ќе ве казни, ќе видите што ќе ви направат…, се присети Атанасов кој додаде дека Муковски најверојатно знаел што се подготвувало.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Тој додаде дека во судницата, меѓу обвинетите можеби има некои кои залутале, но и такви кои знаеле што требало да се случи на 27 април, и како требало да заврши се.

Додека поранешниот пратеник и актуелен заменик министер сведочеше судијката Добрила Кацарска неколку пати го предупреди да зборува полека бидејќи не може да го следи записничарот.

-Вие пратениците сте научени да зборувате брзо на говорница, но ова не е говорница во Собранието, и ние немаме таков систем за снимање, го предупреди Кацарска.

Атанасов се извини и додаде дека му е жал што и во судот немаат таква опрема, на што Кацарска му возврати дека за тоа биле  виновни токму пратениците.

Поврзани новости