Есма не е во критична состојба: „Ме умреа сосила“

by fokus

Кралицата на ромската музика и Национален уметник на Република Македонија Есма Реџепова ги демантира гласините и пишувањата во одредени медиуми дека во тешка состојба вчера била примена во болница во Скопје, каде што лекарите се обидувале да ја стабилизираат.

Весна Ѓорѓиевска од нејзиниот менаџерски тим, за ,,Фокус’’ потврди дека Есма се чувствува добро, и се работело само за рутинска контрола.

,,Не е прв пат, да се направи од влакно цело руно, кога е Есма во прашање. Истите приказни за нејзина наводна критична состојба се објавуваа и пред две години, а ништо од сето тоа не беше вистина! Таа дури и не престојува во болница, туку оди на редовни контроли поради шеќерот, нешто што е сосема вообичаено’’, вели Ѓорѓиевска, додавајќи дека со текот на годините, тие одлучиле воопшто да не реагираат за разните приказни кои што се пласирале за Есма во јавноста.

15218491_10211034019790155_1964455399_n

,,Не реагиравме ниту пред две години, кога истата приказна беше актуелна. Тогаш Есма рече: „Ме умреа со сила, барем од коментарите видов кој што ми мисли! ‘’, раскажува Весна.

Есма Реџепова е родена пред 73 години во Скопје, а започнала да пее уште во тинејџерските години. Таа зад себе има богата музичка ризница, и редовно настапува на хуманитарни настани. Пред две недели имаше мини турнеја низ Швајцарија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости