Трајанов: Ќе го намалиме бројот на пратеници, на министри и на непродуктивни институции

by fokus

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во Првата изборна единица во Скопје, денеска истакна дека е неопходна промена на власта, како битен предуслов за стабилизација на состојбите, владеење на правото и економски развој.

Трајанов, рече дека Коалицијата за промени и правда се залага за промена на изборниот модел – Македонија да биде една изборна единица, а составот на парламентот, да биде реален одраз на определбата на граѓаните, преку отворени листи.

„Ќе го намалиме бројот на пратеници, од 123 на 90, а бројот на министри ќе го намалиме за 50 проценти, ќе ги редуцираме бројните агенции, регулаторни тела и други непродуктивни институции,“ рече Трајанов на средби со жители на Пржино, Црниче и Кисела Вода каде беше претставена програмата на Коалицијата за промени и правда.

Тој додаде дека, програмата предвидува исти услови за странските и за домашните компании и отворање на повеќе од 30.000 мали фирми.

Поврзани новости