709
АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) треба да почне постапка за изработка на физибилити студија за јавно-приватно партнерство (ЈПП) или за продажба на ТЕЦ Неготино, одлучи Владата на денешната седница.
Владата го задолжи ЕСМ да спроведе и постапка за избор на трансакциски советник за евалуација во постапката за изразување намера за изградба на ХЕЦ Чебрен.