Административците кои седеа дома ќе се распоредуваат во јавни претпријатија, општини и други државни институции

by fokus 19:09
19:09

Владата на денешната редовна седница го утврди текстот на Предлог законот за преземање на административни службеници вработени преку вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност.

Целта на овој закон, се појаснува во соопштението од владиниот прес – центар, е да се распоредат нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку оваа програма во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје и акционерски друштва во државна сопственост.

- Advertisements -

Поврзани новости