Ескобар: Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија

by fokus

Американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар вели дека што побрзо треба да се најде компромис на билатералното прашање меѓу Софија и Скопје, и да се деблокира евроинтеграцијата на Северна Македонија, пренесува магазинот „Еуроактив“.

-Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Тие го претвораат ова во мултилатерално прашање што не засега сите нас. Дадени се некои добри решенија за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да се најде компромис, вели Ескобар.

„Еуроактив“ пишува дека САД го зголемуваат притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка за членство на Скопје во Унијата.

Поврзани новости