Ерупција на вулканот Етна, запрени летовите од Катанија

by Fokus

Етна, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше денес и исфрли пепел во Катанија, најголемиот град во источна Сицилија, поради што беа затворени летовите на аеродромот во градот.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), кој внимателно ја следи Етна, рече дека облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата, која некогаш беше спектакуларен приказ на оган и лава.

Институтот објави дека пепел паднала на Катанија и на град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени.

Аеродромот Катанија објави дека летовите се привремено прекинати поради пепелта.

INGV посочи дека мониторингот забележал докази за зголемена активност на тремор во последните денови.

Италијанската национална агенција за цивилна заштита во четвртокот во предупредувањето рече дека, со оглед на зголемената вулканска активност, може да има „ненадејни“ варијации во активноста на Етна.

На почетокот на 2021 година, ерупцијата на вулканот траеше неколку недели.

Поврзани новости