„Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во С. Македонија, патот кон Европа ќе продолжи“.
Ова го изјави денеска претставникот на Стејт департмент за Западен Балкан – Габриел Ескобар, на онлајн брифинг со новинарите.
„Една од работите што сме многу среќни што ја постигнавме е тоа што неколку земји од Западен Балкан се солидно на патот кон евроатлантската интеграција, особено оние членки на НАТО – Албанија, С. Македонија и Црна Гора, кои се целосно ангажирани на целиот процес на пристапување во Европската Унија. Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во С. Македонија патот кон Европа ќе продолжи“ – рече Ескобар.
Тој вели дека би сакал да биде направен поголем напредок во европскиот процес на трите членки на НАТО.
„Сè уште се надевам дека сите три ќе се движат многу брзо, кога ќе се решат некои од нивните внатрешни прашања. Но, Црна Гора, навистина верувам дека тие ќе бидат следни, тие ќе бидат следна членка на Европската Унија“.