513
17-годишник од Тетово бил избоден во стомакот од негов другар, една година помал од него, по тепачка на улицата „Илинденска“ во Тетово вчера околу 19.00 часот. По нанесената убодна рана, 16-годишникот побегнал, а повредениот малолетник бил пренесен во Медицински центар Тетово.
Во болницата му била укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност. Во присуство на родител, пак, 16- годишникот подоцна се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот.
СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.