650
Околу 10.000 жители на Хавајските острови беа принудени да се евакуираат поради eрупција на вулканот Килауеа.
На излевањето на лавата и пепелта од вулканот им претходеше земјотрес со интензитет од пет степени во регионот. Регистрирани беа и неколку други потреси со послаб интензитет.
Во 1924 година тој вулкан исфрли 10 тони вулканска маса во воздух и еден човек загина при таа ерупција.