Петмина туристи загинаа, неколкумина се водат за исчезнати, а дваесетина се повредени при ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров, популарна туристичка дестинација каде се верува дека во време на ерупцијата имало најмалку 50 луѓе.
Тиристот Алесандро Кауфман случајно го снимил моментот на ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров популарна туристичка дестинација каде се верува дека во време на ерупцијата имало најмалку 50 луѓе.
Кауфман со група туристи тргнале со брод до Белиот остров. По обиколката, групата се качила на бродот и тргнала назад, а Кауфман од бродот го снимал Белиот остров.
На првиот дел од снимката се гледаат насмеани лица кои уживаат во во возењето со бродот, но следниот момент вулканот почнува да фрла пепел и чад високо во воздухот, а на бродот се слушаат панични повици.
Освен оваа тура туристи имало уште една, која не успеала да го напушти островот пред ерупцијата, нивниот брод бил покриен со пепел од вулканот.Локалните власти предупредуваат дека се очекува бројката на жртви да порасне.