456
Жители на скопско Ново Село велат дека морале да ги откорнат вратите на „југото“, кое бутна бандера денеска во 14.00 часот, за да ги извлечат повредените. Три лица се превезувале во возилото кое се движело со огромна брзина, излетало од патот и удрило во бандера во населеното место.
Возачот и совозачот се здобиле со сериозни повреди. Тие биле онесвестени додека граѓаните од Ново Село се обидувале да ги извлечат. За да ги откорнат вратите употребиле копач и пајсер. Десетина луѓе работеле на тоа да ги спасат повредените од уништеното возило.
Од полицијата за сега нема информациите затоа што се уште трае увидот. Повредените се пренесени во болница со возило на Брза помош.
М.В.