Закажано судењето против Груевски, Пешевски и Јанакиески за кинеските автопати

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески на шести декември треба да седнат на обвинителна клупа во врска со обвинението на СЈО за предметот „Траекторија“. Се товарат дека ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Кривичниот суд, кој на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за случајот, дал и два дополнителни датума за судење, 18 и 26 декември.

Во „Траекторија“ обвинет е и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

 

 

Поврзани новости